Српската репрезентација ја совлада Шведска со 1:0 на стадионот на фудбалскиот клуб АИК во Стокхолм. Тадиќ изведе корнер, Павловиќ ја спушти топката до Лука Јовиќ кој покрај четири противници околу себе го совлада Олсен.
А Шпанија ја победи Швајцарија во Женева. Резултатот е 1:0 и погодокот беше дело на Пабло Сарабија во 13. минута. Во оваа група Португалија беше подобра од Чешка со 2:0. Погодоците ги реализираа Кансело и Гуедеш во 33. односно 38. минута.
На табелата води Португалија со 7 бода, Шпанија има 5, Чешка 4, а Швајцарија е без бодови.
На другите натпревари: Норвешка – Словенија 0:0, Грција – Кипар 3:0, Косово – Северна Ирска 3:2, Малта – Естонија 1:2