Македонецот Гоце и Грузиецот Гаги – кој ќе загуби тој ќе чести ручек! (ФОТО)

2146

Вечерва од 20:45 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ се игра мечот меѓу Македонија и Грузија, во рамките на УЕФА Лигата на Нации. Значаен меч за првото место во групата, меч кој привлекува големо внимание, посебно во таборот на Шкупи, во нашиот шампион.

А се знае и зошто. Имено во редовите на чаирчани игра и Гаги Маргвелашвили, стоперот од Грузија. И нормално е дека Гаги посакува да победи неговата репрезентација.

Секоја чест за Македонија, за вашата репрезентација, имате квалитет, играте одлично во последно време, но сепак јас сметам дека Грузија ќе победи, не кријам дека ќе навивам за мојата земја. Што е и нормално“ вели Грузиецот кој претходно пред да дојде во Шкупи играше за Динамо Батуми, тим во кој настапуваат поголем дел од сегашните репрезентативци на Грузија.

No description available.

На оваа негова порака не знаеме како реагираше неговиот шеф Гоце Седлоски, стратегот на шампионот, кој како некогашен капитен на А – тимот, фудбалерот кој има 100 настапи и пред се како Македонец, посакува победа на нашата репрезентација.

И кога е веќе така, тогаш Гаги и Седло се договорија кој ќе загуби, чија репрезентација, тој да чести ручек.

Па, нека чести Гаги….ние нема да имаме замерки.

ПретходноБез Дамјан против Шпанија и Украина, синот на Врбица Стефанов се најде на поширокиот список!
СледноЌерката на Џерард има 18 години, а веќе заработува над милион фунти