Како што е познато ова е трет циклус во Лигата на Нации, на кој учествува и Македонија. Кога сме кај средбите кога сме биле домаќини, досега се одиграни шест и имаме пет победи и ниту еден пораз. Едноставно не знаеме за загуба кога играме на Арената “Тодор Проески“. Пет победи и едно реми, и тоа со Грузија на 14.10.2020, кога при водство на гостите, Езџјан Алиоски од пенал во 90+3.минута ја спаси Македонија од пораз.
Инаку севкупно, кога играме дома, во последните три години имаме само еден пораз и тоа оној од Германија. Значи за пораз не знаеме цели три години на Арената “Тодор Проески“, се разбира ако не го сметаме мечот со “панцерите“.