Македонската фудбалска репрезентација до 18. години на турнирот во Терме Чатеж, Словенија мина лошо. На пријателските дуели со Полска односно Словенија, избраниците на селекторот Неџат Шабани претрпеа два тешки порази, најпрво со 6:1, а потоа и со 3:0.
Селекторот Шабани пред заминувањето за Словенија истакна дека има огромни проблеми во составувањето на екипата поради многуте одсуства, пред се прекомандувани во У21 репрезентацијата, но сепак, тоа не е алиби за да се загубат два дуела во кој ќе се примат девет гола.