Напред Македонијо: “Рисовите“ знаат како до победа!

303

Нема веќе дилеми, вечерашниот меч со Грузија по се изгледа дека ќе биде клучен во групата -4, во сегментот – Ц во УЕФА Лигата на Нации. Имено Македонија ако сака, а сака секако, и преку ова натпреварување да дојде до ЕУРО 2024, вечерва мора, ама баш мора да ја победи Грузија.

Секако дека не е решавачки, има да се играат уште три кола до крајот, но ако се знае дека во септември ние и гостуваме на Грузија во Тбилиси, тогаш подобро е да имаме бодовна предност пред тоа гостување.

Па така вечерва момците на Благоја Милевски ќе бидат под притисок, императивот се трите бода.

Па што ако се под притисок…

Со досегашните настапи, игра и успеси, нашите „рисови“ покажаа дека знаат како се победува. Па ние сме победувале и посилни, многу посилни селекции од оваа Грузија и не треба премногу да се оптоваруваме со името и квалитетот на ривалот, но треба да го почитуваме и респектираме составот кој среде Разград ја суреди Бугарија со 2:5, а ние таму одигравме само 1:1.

Затоа велиме дека треба да се почитува, но треба и да се има верба во себе и во своите несомнени квалитети и потенцијали.

Вечерва Македонија треба да искочи на теренот на Арената „Тодор Проески“, да покаже што знае, а знае многу, да одигра за себе и за своите фанови и да докажеме дека сите овие последни успеси не биле само случајност.

Уверени сме дека така и ќе биде.

Па, „РИСОВИТЕ“ знаат како се победува…

Така нека биде и вечерва

НАПРЕД МАКЕДОНИЈО?

ПретходноПепи Георгиев си замина од А. Пандев!
СледноОфицијално: Со овие единаесетмина ќе одиме по трите бода!