Поранешниот италијански прволигаш Месина се наоѓа пред нов почеток и се продава за симболична цена од едно евро. Сицилијанскиот клуб во изминатите две децении отиде од очај до сјај и обратно. Клубот помина низ многу работи, а во сезоната 2004/05 беше хит во италијанската Серија А.
Тогаш сите очекуваа Месина да испадне од лига, но го освои седмото место. Наредната сезона клубот едвај се спаси од испаѓање, но во 2007 година почна падот по кој никогаш не заздрави. Прогласи стечај, а клубот беше исфрлен од професионалниот фудбал.
Претседателот на клубот Пјетро Скиоти соопшти дека викендов ќе ја избере најдобрата понуда односно новиот сопственик треба да има план и визија за развој на клубот.
Инаку за овој клуб играле и големи италијански фудбалери како Салваторе Скилачи, Марко Сторати, Антонио Ночерино, Рикардо Зампања, Игор Проти, а од странците Златан Муслимовиќ, Димитриос Елефторопулос, Марко Зоро…
Messina is on sale for only 1 euro (plus I assume a nice chunk of inherited debt). The Stadio San Filippo was opened in 2004, which in Italian stadium years means it is only 1 year old. pic.twitter.com/ZdV4u7T4gd
— Francesco (@FRANCESCalciO_) June 9, 2022