ЕХФ и официјално ја пушти химната за претстојното Европско ракометно првенство во женска конкуренција кое ќе се одржи во три земји, една од нив е Македонија. Покрај нашата земја домаќини се Словенија и Црна Гора.
Химната на континенталното натпреварување е во изведба на пејачката Сенида од Словенија, а истата е насловена како „Играј со срце“.
Европското првенство ќе се одржи од 4. до 20 ноември.