Официјално: Со овие единаесетмина ќе одиме по трите бода!

398

На околу час и половина пред почетокот на мечот меѓу Македонија и Грузија, селекторот Благоја Милевски го објави стартниот состав со кој ќе оди по трите бода. Тој е тој состав кој „Спортмедиа“ го најави попладнево, и само ние успеавме да го “погодиме“.

На голот е Димитриевски, во одбраната се Ашковски, Муслиу, Велковски и Алиоски, во средниот ред Барди, Спировски и Елмас, а во нападот Трајковски, Чурлинов и М. Ристовски.

Ова е составот кој го почна мечот и во Разград против Бугарија.

Многу среќа момци…очекуваме победа.

ПретходноНапред Македонијо: “Рисовите“ знаат како до победа!
СледноИнтер ќе има страшен напад: Лаутаро – Лукаку – Дибала!