По само шест месеци престој во Струмица, во таборот на А. Пандев, напаѓачот Пепи Георгиев се раздели со клубот за кој настапуваше во пролетниот дел. Според зборовите на самиот фудбалер, едноставно двете страни не успеале да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката, па затоа тој веќе си заминал од тимот кој што ова лето го очекува настап во квалификациите во Лигата на Конференции.
За тоа каде ќе ја продолжи кариерата, Горгиев ни изјави дека има интерес од неколку клубови од нашата ПМФЛ, но и од Косови, Албанија, Турција…па така во наредните денови ќе донесе одлука.
Имено да кажеме дека тој пред да дојде во А. Пандев играше за Теута (Албанија), а претходно беше член на Силекс, Брегалница, Беласица.