Пешевски без грешка против Хамбург, пораз за Кузмановски и Хановер

61

Штутгарт запиша победа на гостувањето кај Хамбург од 27-31 во рамките на претпоследното коло во Бундес-лигата. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативен пикер, Жарко Пешевски го оствари десетиот триумф оваа сезона. Пешевски беше без грешка, постигна три гола од исто толку обиди.

Филип Кузмановски пак немаше среќа. Неговиот Хановер беше поразен кај Либек со 21-20 и покрај тоа што на полувремето имаше позитива од три гола (9-12). Македонскиот репрезентативец средбата ја заврши со два гола од четири обид.

Последното коло од оваа сезона во Бундес-лигата е закажано за три дена.

ПретходноОфицијалната химна за Европското првенство кое ќе се одржи и во Македонија (ВИДЕО)
СледноМизерно! Дојде Ковачевски и ги „избркаа“ легендите…!!!