По Палермо ги наполнивме улиците, сега да ја наполниме Арената!

433

 

Вечерва нашите херои го играат еден од решавачките мечеви во Лигата на Нации во сегментот –Ц, во групата 4. Ривал ни е Грузија и победата и трите бода ни се неопходни.

И повеќе од јасно е дека вечерва поддршката треба да дојде од трибините, од полната Арена “Тодор Проески“.Убаво рече вчера нашиот голман Столе Димитриевски, со полна Арена се ќе биде полесно.

Оваа генерација, оваа Македонија, овие херои заслужуваат секогаш и секаде, а посебно кога игра дома, да им се даде апсолутна поддршка. Треба да ечи…Македонија,Македонија…од трибините, без разлика дали играме со Грузија, Гибралтар или Германија.

Арената мора да биде полна или барем добро исполнета.

Не е важно дали мечевите се баражи за СП, квалификации за ЕП или пријателски,јавноста мора да сфати дека мора да се навива од трибините за Македонија.

Невкусно звучи податокот дека до вчера за мечот со Грузија, кој се игра вечерва од 20:45 часот, биле продадени 3.500 – 4.000 билети, а во Пробиштип за концертот на Цеца дури 10.000.

Па видете сега..

ПретходноВиктор Василевски и Стефан Бошкоски се нови имиња во ГРК Охрид
СледноЛазаров: Секој би посакал вакво испраќање, навистина сум горд!