Во нашата група од Лигата на нациите Грузија ја победи Македонија со 3:0 и тоа во Скопје, а на другиот меч Бугарија одигра 1:1 со Гибралтар во гости што е сензационален резултат.
Гибралтар само ги продлабочи проблемите во бугарскиот тим кој пред неколку дена доживеа дебакл од Грузија со 5:2 и тоа на свој терен.
Бугарите на „Викторија стадионот“ поведоа со голот на Минчев во 45 минута, а изедначи домаќинот преку Вокер во 61 минута од пенал.
ТАБЕЛА
1.Грузија 3 3 0 0 12:2 9
2. Македонија 3 1 1 1 3:4 4
3. Бугарија 3 0 2 1 4:7 2
4. Гибралтар 3 0 1 2 1:7 1