Алекс Трајковски е блиску до 80-тиот настап за Македонија!

208

Александар Трајковски засекогаш ќе биде запишан во аналите на нашата репрезентација како херојот од Палермо. Како човекот кој ја урна Италија среде Палермо со гол во 90+4.минута во бараж – мечот за СП во Катар.

Алекс е еден од рекордерите по бројот на настапи за нашиот А-тим, па така досега тој одигра 78 натпревари и е на два меча до 80-тиот во дресот на Македонија. Моментално е на 4.место на оваа листа и тоа зад Горан Пандев (122), Гоце Седлоски (100), Величе Шумуликоски (84).

Што се однесува до головите Трајковски со 20 погодици за Македонија е втор на листата, веднаш зад Пандев (38 голови).

ПретходноЕве мотив повеќе: И официјално преку Лигата на Нации до ЕУРО 2024!
СледноПепи Георгиев си замина од А. Пандев!