Шкупи му гостува на Фенербахче во Истанбул

948

Актуелниот бранител на титулата во ПМФЛ шампионатот, тимот на Шкупи, веќе ги стартуваше подготовките за овогодинешниот настап во фудбалска Европа. Квалификациите за Лигата на Шампионите се пред чаирчани, а тие во Охрид ги стартуваа активностите кои им претходат на истите.

Се тренира веќе неколку дена, екипата е речиси комплетирана, странците се тука, освен Сандеј кој пристигнува утре. Договоре на е и една пријателска средба во Охрид, против тимот на Балкани од Косово со кој ќе се спарингува на 14 јуни.

На 17 јуни во Турција и пријателска со Фенербахче

Своите базични подготовки летово тимот на Шкупи стандардно ќе ги одработи во Турција. Таму се заминува на 17. јуни, а на 22. следува фешта во Истанбул. На тренинг комплексот на Фенербахче, Шкупи ќе одигра пријателски дуел против овој турски фудбалски гигант. Потоа следуваат уште две до три пријателски средби за кои допилнително ќе бидат познати противниците.

 

ПретходноЕквадор пред исклучување од Мундијалот во Катар
СледноКФСМ и „Аџибадем Систина“ официјално потпишаа соработка