Шпанците објавија дека оди во Гетафе, неговиот менаџер порача: Немам број од тој човек!

147

Герет Бејл ја заврши својата авантура во дресот на Реал Мадрид. На крајот на месецот ќе си замина како слободен играч, откако не успеа да договори продолжување на соработката со европскиот првак.

На својата адреса има неколку интересни понуди од Европа, неговата цел е да остане во најсилните лиги. Прва цел е Шпанија, а тамошните медиуми објавија дека има понуда од Гетафе, кој е подготвен да потпише едногодишен договор.

Но, на оваа информација веднаш следеше демант и тоа од менаџерот на Бејл.

„Јас дури немам ниту број од претседателот на Гетафе“, порача Барнет.

Бејл неодамна најави дека името на новиот тим ќе го соопшти на почетокот на следниот месец, нема да биде исклучен и трансфер во Премиер-лигата.

ПретходноЛига Нации-3.коло: Македонија – Грузија…битка за првото место во групата!
СледноВиктор Василевски и Стефан Бошкоски се нови имиња во ГРК Охрид