Стивен Џерард ретко зборува за приватниот живот, поточно за своето семејство. Но, англиските медиуми сепак „чепнаа“ во овој дел на легендарниот фудбалер, во центарот се најде неговата ќерка, Лили-Ела.
Иако таа има само 18 години, сепак веќе има заработено над милион фунти. Лили одлучи да се посвети на социјалните мрежи, поточно да стане инфлуенсер, има договор со неколку компании и засега добро и оди. Нејзиниот татко нема ништо против нејзината работа, напротив има поддршка.
View this post on Instagram