Тимот на Гостивар дефинитивно планира летово да направи прволигашка екипа иако следната сезона ќе биде дел од единствената ВМФЛ конкуренција. Се носат засилувања адекватни на амбициите, а тоа е директен пласман во ПМФЛ односно атак на лидерската позиција.
Во таа насока е и доведувањето на Стојан Стојчевски, досегашниот стопер на тимот на Силекс, кој Спортмедиа го најави како засилување уште пред десетина дена.
Покрај Стојчевски, новитет е и досегашниот играч на Ренова, Емран Рамадани.
Гостивар деновиве ќе доведе и екстра засилување на позицијата централен напаѓач.