Грузија ги наполни нашите „бугарски“ дупки

413

Со истиот состав од Разград, оној кој не донесе „тројка“ над Бугарија, очајната Бугарија која прими на тој ист стадион 5 парчиња од оваа силна Грузија и таа Бугарија која одигра само 1:1 во Гибралтар.

Овој пораз среде Скопје од Грузија е и губење на групата, губење на шансите за прво место, за нова прилика за ЕП. Македонската фудбалска репрезентација не успеа да го добие „финалето“ со главниот ривал, со нашиот историски пациент кој еве дочека да ни се одмазди за оној кошмар од Тбилиси и таа наша победа која не лансираше на историското ЕП.

Тоа и ова не се споредува, но ова вечерва беше лошо! Грузија ги казни сите наши „дупки“ кои ги имавме на тој меч со Бугарија. Ист состав одлучи да извади селекторот Милевски кој и таму во Разград стигна до реми откако на полувремето направи измени. Погреши вечерва, дека тоа е така кажува и резултатот. Слабо, тенко, неубедливо… Го нема Адеми, Ристовски, но вечерва повторно го „немавме“ Елмас, но и Барди – единствениот кој беше на високо ниво на двата претходни натпревари. Македонија имаше добро, прво полувреме, но со стартот на вторите 45 минути почна и нашиот кошмар во играта. На моменти некаква иницијатива, јалова, без шанси, без идеја… Премалку е сето ова, како да немаме енергија, како да сме истрошени… Она што е уште потрагично, немаме гол играч, шпиц, кој ќе тргне, ќе отвори – ќе забие.

Претходните два меча и овој со Грузија беше шансата за некои поединци, за некои кои се далеку од дресот со државниот грб. Барем добија шанса, ги видовме, но со нив тешко дека би направиле нешто повеќе во она што следи во иднина а тоа се главните квалификации и потешката битка за пласман на ЕП. Добро кажа Милевски дека секој меч претходен е историја и дека треба да се мисли само на иднината. И Германија и ЕП и Италија – така е тоа е историја, но за да повториме такви резултати не смее да повторуваме вакви грешки како овие во ова издание од Лигата на нации.

Кога славевте и победувавте – капа доле! Ова вечерва е лекција од Грузија и приземјување! Вака не смее во иднина!

П.С

А што да очекуваме од фудбал во Македонија кога и на стадион главни се политичарите. Мизеријата и потегот да се преместат во ВИП ложата легендите на мак-фудбалот за да седне тајфата на премиерот е доказ колку се ценат спортистите во Македонија.

ПретходноСензација на стадионот „Викторија“: Гибралтар освои бод против Бугарија (видео)
СледноЛН: Триумфи на Шпанија во Женева и на Србија во Стокхолм (видео)