Дански бек го засили Лидс Јунајтед

138

Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед го потврди трансферот на данскиот десен бек Расмус Кристенсен. Неофицијално клубот од Јоркшир за овој играч платил 10 милиони евра. А 24-годишниот Данец потпиша договор до летото 2027 година.

Toj доаѓа по препорака на новиот тренер на Лидс Џеси Марш кој работеше со Кристенсен во Салцбург од 2019 до 2021 година.

Минатата сезона, Кристенсен одигра 44 натпревари во три сезони со ефект од 10 голови и 8 асистенции што е неверојатен ефект за дефанзивец. Тој со Салцбург три пати по ред беше австриски шампион. Претходно една сезона одигра во Ајакс, а две во Митјиланд. За Данска има шест натпревари.

ПретходноДами и господа – Кралот Лазаров (ФОТО)
СледноБостон поведе со 2-1 во финалната серија, Кари се повреди (ВИДЕО)