Дома Меѓународен фудбал Еквадор пред исклучување од Мундијалот во Катар

Еквадор пред исклучување од Мундијалот во Катар

932

Она што веројатно во фудбалскиот сојуз на Еквадор мислеле дека никогаш нема да се дознае прераснува во скандал кој оваа репрезентација м ногу веројатно ќе ја чини дисквалифиакција од Мундијалот во Катар.

Имени, како што објави мексиканстаа телевизија „Ацтека“, репрезентативецот на Еквадор, Бајрон Кастиљо настапувал за оваа селекција со фалсификуван пасош. Поточно тој воопшто нема право на државјанство на оваа земја, затоа што е роден во Колумбија, од родители кои се по потекло од оваа земја, и дека на криминален начин дошол до патна исправа на Еквадор.

Жалбата по повод играњето на Кастиљо за Еквадор ја поднесе фудбалскиот сојуз на Чиле. Оваа репрезентација е седма во конечниот пласман на табелата, но доколку се поништат сите мечеви на кои настапи Кастиљо и се регистрираат со службени 3:0, тогаш Чиле би зел нови шест бода и би ги прескокнал Перу и Колумбија. Перу на 13 јуни ќе игра бараж против Австралија.

ФИФА до 14 јуни ќе мора да ги разгледа сите докази и да донесе конечна одлука околу дисквалификацијата на Еквадор.
ПретходноГрчевски ќе го води Бутел и следната сезона
СледноШкупи му гостува на Фенербахче во Истанбул