КФСМ и „Аџибадем Систина“ официјално потпишаа соработка

434

Кошаркарската федерација на Македонија и клиничката болница „Аџибадем Систина“ денеска и официјално потпишаа соработка со која оваа реномирана медицинска установа станува нов медицински партнер на федерацијата. Како здравствена институција која е лидер во превенција и третман на спортските повреди, болницата со сите свои ресурси ќе се грижи за здравјето на играчите од машката и женската сениорска репрезентација како и од младинските кошаркарски репрезентации. Спортските прегледи на репрезентативците ќе се одвиваат во првиот најмодерен спортски центар Premium Sport Center. Станува збор за најсовремениот и најмодерно опремен центар за здрав живот во земјава кој на едно место нуди комплетна интегрирана грижа за здрав живот – физикална медицина и рехабилитација, нутриција и во него работи докажен тим на доктори, физиотерапевти, доктор по спортска медицина, нутриционисти, професионални тренери и сертифицирани инструктори со долгогодишно искуство зад себе.

ПретходноШкупи му гостува на Фенербахче во Истанбул
СледноМакедонија У18 со втор тежок пораз во Терме Чатеж