Нант на својата официјална страница ги сподели сите фотографии од синоќешната специјална вечер. Клубот се раздели со неколкумина играчи и со тренерот Ентрериос, а на Кирил Лазаров му подготви посебна фешта. Македонската гол-машина одлучи да стави крај на кариерата, а Нант го испрати како „крал“. На крајот на церемонијата тој заврши во рацете на своите соиграчи.