Македонија доби жестока шлаканица…

473

Каков шок на Арената “Тодор Проески“ вечерва. Македонија во меч од Лигата на Нации загуби убедливи и тоа со 0:3 од силниот состав на Грузија. Со овој пораз се чини дека и дефинитивно ги загубивме сите шанси за првото место во групата, ако се знае дека сега Грузија ни бега цели 5 бодови.

Нашата репрезентација доби вечерва жестока шлаканица, ако во првиот дел и нешто игравме, на моменти бевме и подобри, но во вториот дел се случи потоп.

Македонија не личеше на себе, а Грузија блескаше…и заслужено победи. Зивзивадез, Кварачелија и Китаишвили беа стрелците на головите за Грузија за апсолутно заслужена победа на гостите.

Интересно, возбудливо уште на стартот на средбата. Се виде дека на овој меч ќе има тензија, па затоа имаше одважност од двете страни. Сепак први се заканија гостите и тоа преку Кварачелија, најопасниот нивен играч, но Димитриевски беше присебен. Врати Елмас со закана, но нема гол.

Во 18.минута Трајковски шутираше, но гостинскиот голман беше на место и не дозволи радост. Во тие моменти Македонија ја имаше иницијативата, поседот, акциите на гостинската половина, но никако не успеваше да го пробие последниот бедем на Грузија. Лесно доаѓавме до некаде 20-25 метри од голот на Мамардашвили, но недостигаше тој последен пас.

Во 30.минута Давиташвили беше опасен, одличен обид, сепак Столе повторно брани. Во финишот на првиот дел Елмас во два наврати можеше да постигне гол, но на пауза се замина со тие почетни 0:0.

ОФ, НЕ….ГРУЗИЈА ПОВЕДЕ.. И УШТЕ ЕДЕН…

Второто полувреме започно со голема шанса за Грузија. Се играше 49.минута кога Кочолава шутираше за малку над нашиот гол. Тоа како да го наговести водството наа гостите. Одлична акција во 52.минута која ја заврши Зивзивадзе за 0:1, кој перфектно ја заврши со шут во нашата мрежа. Не мина една минута кога гостите можеа да поведат и со 0:2, тука мислиме на шансата на Давиташвили.

И тоа не беше се, Грузија напаѓаше, имаше игра, шанси, и во таа 62.минута најдонриот фудбалер на гостите Квича Кварачелија шутираше од околу 20 метри, Димитриевски реагираше, ја имаше таа топка, но сепак таа заврши во неговата мрежа.

Каков шок…Македонија – Грузија 0:2 во тие моменти.

Сепак треба да се каже дека од трибините, и покрај тие 0:2, имаше поддршка за нашите момци, таа не изостана. А Грузија доминираше, одличен настап на гостите.

Зивзивадзе постигна гол за 0:3, но поради офсајд сепак истиот беше поништен и со право.

На нашите маки како да немаше крај, Грузија постигна уште еден гол, Китеишвили стрелаше за 0:3 во таа 84.минута.

УЕФА Лига на Нации

МАКЕДОНИЈА – ГРУЗИЈА 0:3 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 10.000. Судија: Рој Рајншрајбер (Израел). Стрелци: Зивзивадзе 52., Кварачелија 62., Китешвили 84. (ГРУ). Ж. Картони: Велковски, Дав. Бабунски (МАК), Какабадзе, Зивзивадзе (ГРУ).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ашковски, Муслиу, Велковски, Алиоски, Барди, Елмас (78. Тодороски), Спировски (71.Миовски), Чурлинов, Трајковски (59.Николов), М. Ристовски (71. Дав. Бабунски).

Селектор: Благоја Милевски.

ГРУЗИЈА: Мамардашвили, Какабадзе (83. Лобжанидзе), Кашија, Кочолава, Кварачелија (83. Ќазашвили), Квирквелија, Абурџанија (61. Китешвили), Квеквешкири, Циташвили, Зивзивадзе (72. Микаутадзе), Давиташвили (72. Мамучашвили).

Селектор: Вили Сањол.

ПретходноМаестрален гол на Кварачелија со кој го „смрзна“ македонскиот тим (видео)
СледноСензација на стадионот „Викторија“: Гибралтар освои бод против Бугарија (видео)