Македонија дома во Лига Нации нема пораз…само едно реми и тоа со Грузија!

297

Како што е познато ова е трет циклус во Лигата на Нации, на кој учествува и Македонија. Кога сме кај средбите кога сме биле домаќини, досега се одиграни шест и имаме пет победи и ниту еден пораз. Едноставно не знаеме за загуба кога играме на Арената “Тодор Проески“. Пет победи и едно реми, и тоа со Грузија на 14.10.2020, кога при водство на гостите, Езџјан Алиоски од пенал во 90+3.минута ја спаси Македонија од пораз.

Инаку севкупно, кога играме дома, во последните три години имаме само еден пораз и тоа оној од Германија. Значи за пораз не знаеме цели три години на Арената “Тодор Проески“, се разбира ако не го сметаме мечот со “панцерите“.

ПретходноШалке сака повторно да го “позајми“ Чурлинов!
Следно“Бомба“: Бесарт Ибраими пред потпис со Струга Трим Лум!