Некогашниот младинец на Црвена Звезда и младински репрезентативец на соседна Србија, Марко Маринковиќ е нов играч на тимот на Силекс.
Засилувањето кое кратовци го потпишаа денес игра на стоперската позиција и е голем плус за Силекс за следната сезона. Со оглед на фактот што дел од одбраната која настапуваше изминатиот период го напушти клубот, Маринковиќ доаѓа и како замена, но и очигледно како прволигашки квалитет.
Тој е дете на Црвена Звезда но има одработено доста позајмици од типот на Сопот, Сингелиќ, Борча, Спартак Суботица, а имал и кратка авантура во тимот на Спартак Трнава. Има и настапи и за У17 репрезентацијата на Србија е се одликува со одлична висина од 198. сантиметри. Во моментов има 28. години.
Спортмедиа дознава дека управата на Силекс напоредно работи и на доведување на напаѓач и играч за врска исто така од Србија.