Мизерно! Дојде Ковачевски и ги „избркаа“ легендите…!!!

9682

Невидена слика на нашата национална арена „Тодор Проески“ на неколку минути пред почетокот на дуелот Македонија – Грузија. Се појави премирот Димитар Ковачевски со неколку функционери на СДСМ како Петре Шилегов, Миле Зечевиќ, Дарко Каевски… И ништо нема лошо во тоа, секој кој сака е добредојден на стадион кога треба да се бодри националниот тим и спортот во нашата земја.

Но се случи мизерна, подла, срамна слика… Обезбедувањето на премиерот и неговите сопартијци ги дигнаа од своите места легендите на мак-фудбалот кои на покана на ФФМ беа гости на овој меч.

Па така на местата каде што седеа Александар Васоски, Николче Новески, Гоце Седлоски, Љупчо Марковски, Неџмедин Мемеди, Славчо Георгиевски и останатите седнаа „главните“ легенди на мак-фудбалот.

Мизерија, наместо да побаараат некое фото, селфи или да се поздрават со оние кои се нешто во нашиот фудбал и спорт тие ги станаа од местата и ги испратија во подолните места од ВИП ложата. А имаше место во централниот дел таму кај Муамед Сејдини, претседателот на ФФМ, но со кое лице некои од овие гости би заминале таму. Потрошија години и години во обидот да го сменат првиот човек на ФФМ, но сето тоа за нив и таквите како нив остана само неостварен сон.

ПретходноПешевски без грешка против Хамбург, пораз за Кузмановски и Хановер
СледноХоланѓаните со нови фудбалски правила: Aут ќе се изведува со нога, ќе има „летечки измени“…