Благоја Милевски нема намера да експериментира. Тој е свесен дека мечот со Грузија треба да се добие, па така во стартниот состав ќе го има она најквалитетно на кое што може да се смета.
На голот се враќа Димитриевски, во одбраната се Ашковски, Муслиу, Велковски и Алиоски. Како последни играчи за врска се Спировски и Барди, а пред нив ќе биде Елмас. Во нападот на страничните позиции се Трајковски и Чурлинов и во шпицот Милан Ристовски.
Ова е всушност и стартниот состав кој го започна мечот и со Бугарија во Разград.
Им посакуваме на нашите момци, на нашите „рисови“ добар настап и секако победа со која ќе ја израдуваат целата наша јавност, а посебно фановите кои вечерва ќе ја бодрат Македонија од трибините на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје.
Мечот започнува во 20:45 часот.