Фудбалскиот сојуз на Холандија објави планови со кои би го промениле фудбалот во својата земја. Во прашање се пет правила кои сакаат да ги имплементираат од 2023 година.
Промените се однесуваат за втората по ранг лига и би се сметале за еден вид на проба, а со тоа во потполност би се промениле фудбалските правила какви што ги памтиме со децении.
Планот е да се забрза играта. На пример изведување на аут со нога е една од клучните промени. Со тоа аутот не би бил за задржување на време затоа што екипите кои го бранат резултатот не би сакале да направат аут од кој постои можност да примат гол (како слободен удар).
🚨 The Dutch Second Division want to trial a host of new rules from 2023/24 season
• Throw-ins can be played with the foot
• Unlimited substitutions
• Players can dribble from a free-kick
• 5-minute penalties after a yellow card
• Clear playing time (2 x 30min) pic.twitter.com/5rv35sQABW— SPORTbible (@sportbible) June 9, 2022
Дриблинг од слободен удар е второ правило. Во тој случај играчот не би морал да шутира или да му подаде на соиграч, туку би можел тоа да го направи со самиот себе.
Жолтиот картон ќе биде „вреден“. Во случај на добивање на жолт картон, играчот би бил исклучен од игра на пет минути за да се намали бројот на фаули во текот на играта.
Неограничен број на измени и таканаречени „летечки измени“. Играта не би се запирала за да се сменат играчите и може да влезе играч кој веќе ја напуштил играта.
Натпревари од 60 минути активна игра е последното правило кое Холанѓаните сакаат да го воведат. Би се играло два пати по 30 минути, „чиста“ игра без прекини и задржување на време.
Ако овој пилот проект помине во Холандија, може да биде имплементиран и во други европски и светски фудбалски лиги.