Шалке сака повторно да го “позајми“ Чурлинов!

373

Иако пред неколку дена се појави веста дека Шалке преговара со Штутгарт за целосен откуп на Дарко Чурлинов, се чини дека ништо од тоа. Најновите информации од Германија се дека тимот од Гелзенкирхен има намера да го задржи Македонецот, но повторно како позајмен играч. Се чини дека оваа варијанта на Штутгарт нема да му одговара и ако веќе нема да го има својот фудбалер во наредната сезона во Бундеслигата, тогаш барем Шалке да плати отштета. Познато е дека Штутгарт бара 3 милиони евра како отштета ако сака Шалке да го откупи.

Останува да се види како ќе се одвиваат работите со Македонецот кој и тоа како му помогна на Шалке да се врати во елитата.

ПретходноКК Партизан нема да ја доигра сезоната во домашниот шампионат
СледноМакедонија дома во Лига Нации нема пораз…само едно реми и тоа со Грузија!