ЛН: Светскиот првак и по три кола нема победа, Хрватска слави на „Паркен“ (видео)

289

Вечерва се одиграа неколку натпревари во Лигата на нациите. Интересно со многу шанси беше во Виена каде Австрија играше со Франција.

Крилниот фудбалер Андреас Вајман стрелаше прецизно во 37. минута на асистенција на Лајмер за водство на Австрија со 1:0. Тоа е прв гол на Лајмер за репрезентацијата од 2012 година кога дебитираше.
Французите се најдоа во проблем, а успеаа само да спасат бод со гол на Мбапе во финишот на мечот. Ѕвездата на ПСЖ влезе во вториот дел и донесе реми за светскиот првак. После голот, Мбапе имаше уште една голема шанса за пресврт но голманот на Австрија Патрик Пенц прво одбрани, а топката заврши во пречката па во неговите раце.
Пенц и во првото полувреме имаше неколку прекрасни одбрани.

Французите по три кола немаат триумф. Изгубија дома од Данска (1:2), а одиграа нерешено со Хрватска во гости (1:1).

На другиот меч од оваа група Хрватска ја совлада Данска во Копенхаген со 1:0. Голот вреден три бода го постигна Марко Пашалиќ во 70. минута.
Данска остана прва во групата со 6 бода, Австрија е втора со 4 исто колку и третопласираната Хрватска, а Франција е последна со 2 бода.

Во другите натпревари Албанија – Израел одиграа 1:2, Азербејџан – Словачка 0:1, Белорусија – Казахстан 1:1, Молдавија – Летонија 2:4, Андора – Лихтенштајн 2:0.

ПретходноФИФА го затвори случајот: Еквадор ќе игра на СП
СледноЕл Класико закажан во градот на коцката! (ВИДЕО)