Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали не се договорил со раководството на клубот за нов договор. Тоа значи дека голема е веројатноста Сенегалецот да биде продаден ова лето или да замине како слободен играч следната година.
Актуелниот договор на дефанзивецот е до летото 2023 година и Наполи се обиде да го продолжи, но со сериозно намалување на платата. Сепак, фудбалерот не се согласил со предложените услови.
Наполи се соочува со финансиски потешкотии и се обидува драстично да го намали буџетот за плати. Сепак, дел од стандардните во тимот беа навредени од предлогот за намалување на нивните плати. Поради оваа причина, прво Лоренцо Инсиње одби нов договор, па истата судбина ги чека и Дрис Мертенс и сега Кулибали.