Салах и Фоден најдобри во Премиер лигата

108

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах е добитник на трофејот за најдобар играч во Премиер лигата за сезоната 2021/22 која го доделува Асоцијацијата на професионални тренери и фудбалери во Англија.
„Овој трофеј ми е посебно драг затоа што за мене гласаа колегите“, изјави Салах.
Напаѓачот на Манчестер Сити Фил Фоден втора година по ред е избран за најдобар млад играч во Премиер лигата според гласовите од Асоцијацијата на тренери и играчи во најсилната англиска лига.
Фоден победи силна конкуренција: Конор Галагер, Рис Џејмс, Џејкоб Ремси, Букајо Сака и Емил Смит Роув.
22-годишниот фудбалер на Сити е шестиот фудбалер кој два пати ја освоил оваа награда по Рајан Гигс, Роби Фаулер, Вејн Руни, Деле Али и фудбалерката на Сити Лорејн Хемп.
Хемп исто како и Фоден минатата сезона беше најдобра млада фудбалерка во женска конкуренција, а трофејот замина кај нејзе и оваа година.

А ова е тимот на годината во Премиер лигата

ПретходноЧурлинов: Мора да ги средиме главите и да земеме три бода против Гибралтар
СледноПирло и Фатих Караѓумрук си подале рака