Турскиот ракометар Халил Озтурк и следната сезона ќе го носи дресот на ГРК Охрид. Тој ги оправдата очекувањата и ќе има значајна улога во „новиот тим“ на сино-белите под палка на Горан Андоновски.
Зад себе Озтурк има 55 настапи и за младинските селекции на Турција, со кои во 2013 година добил место во олстар-тимот на Балканското првенство, а на младинските Медитерански конфедерациски игри во Италија 2014 беше прогласен за најдобар централен бек во олстар-тимот.