На стартот на елиминационата фаза на купот на пријателството во Златибор, тимот на Академија Пандев несреќно загуби од екипата на Црвена Звезда по подоброто изведување на пеналите откако регуларниот дел заврши 1:1.
Откако Црвена Звезда поведе со 1:0, Стојанов израмни на 1:1, а потоа нашиот тим не само што заигра на победа туку истата и требаше да ја има во рацете. Промаши две зицер ситуации, односно голманот на Звезда одлично реагираше.
Во пенал серијата Црвена Звезда беше за нијанса посреќна и успеа да мине во полуфиналето каде што го чека победникот од дуелот Вардар – Динамо Загреб.