Го одигра најдобриот меч за репрезентацијата, а потоа загина во сообраќајна несреќа

1637

Алжирскиот репрезентативец Билел Бенхамуда го загуби животот на 24 години по тешка сообраќајна несреќа. Тој одигра фантастичен меч за Алжир во победата над Конго постигнувајќи еден гол и асистираше за уште еден во триумфот од 3:0.
Се враќал дома со пријател но изгубил контрола над автомобилот и се забил во бандера. Возилото се запалило и двајцата загинале.
Бенхамуда е играч на УСМ Алжир, а претходно и на Хаџут, а за Алжир има шест натпревари.

ПретходноЕл Класико закажан во градот на коцката! (ВИДЕО)
СледноТешка сообраќајна несреќа на Бугарите во Тбилиси, Неделев е во болница!