Давор Талески е нов член на Шкендија. Интересно, посебно ако се знае дека тој веќе кажал „ДА“ на Струга Трим Лум за нов договор и се било договорено со струшкиот прволигаш. Сепак во последен момент, според неофицијалните изјави од таборот на стружани, Шкендија влегува во “игра“ и успева да го “натера“ голманот да дојде во Тетово.
Велиме интересно и чудно, ако се знае дека Шкендија и Струга ТЛ имаа навистина одличнио релации, но по овој потег на тетовци, останува да се види како ќе реагираат стружани.
Инаку Талески е еден од подобрите голмани во ПМФЛ, но секако дека во Шкендија ќе ја „грее“ клупата ако се знае дека таму неприкосновен е Костадин Захов.