Дробаров со трансфер во Сараево!?

355

 

Влатко Дробаров е нов член на Сараево, барем според информациите од медиумите во БиХ, кои истакнуваат дека за овој трансфер се водат според специјализираниот сајт Трансфермаркт.Имено таму пишува дека дефанзивецот на Черно Море кој имаше одлични две сезони за овој тим во елитната лига во Бугарија, веќе е член на еден од најпопуларните клубови во БиХ. Клуб каде што пред месец дена тренер беше Александар Васоски, а таму се и Крсте Велкоски и Даниел Аврамовски.

За тоа дали навистина Сараево е новиот клуб на нашиот интернационалец, сеуште немало потврда,но немало ниту демант од страна на “бордо“клубот од главниот град на БиХ.

ПретходноМандалиниќ го замени Е.Пелистер за грчки тим!
СледноЕден македонски селектор си оди, друг доаѓа!