Еден македонски селектор си оди, друг доаѓа!

696

Будуќност во иднина може да има промена на тренерското место. Според неофицијални извори, Александар Џикиќ, некогашниот селектор на македонската репрезентација планира да го напушти тимот и покрај тоа што неговиот договор истекува во 2023 година.

Најновите информации велат дека сегашниот предводник на нашиот најдобар национален тим, Драган Бајиќ би можел да го замени.

Бајиќ речиси целата своја кариера ја помина како тренер на Игокеа, со мали и кратки прекини. Па доколку се договори со црногорскиот тим, тој ќе си замине од Игокеа после седум години и освоени титули. Оваа сезона го освоија домашниот шампионат, но не добија медали и пехар поради недоразбирање со тамошната федерација, поточно несредени односи.

ПретходноДробаров со трансфер во Сараево!?
СледноМЗТ Скопје сам одлучува за титулата, Битола „гори“ за реванш!