Зинедин Зидан веќе на големо се најавува како нов тренер на ПСЖ. Иако се чинеше дека во неговиот план е само француската репрезентација која најверојатно ќе ја превземе по завршување на Светското првенство во Катар, сепак дојде до промени.
Зидан веќе летнал за Катар да ги договори условите со раководството на францускиот првак, тој би можел да стане најплатениот тренер во историјата на фудбалот.
Но, неговиот потпис би можел да промени многу работи во тимот на Јувентус. Веќе е добро познато дека Пол Погба се очекува да пристигне во Торино, каде ќе дојде како слободен играч, неговиот договор со Јунајтед истекува на крајот на овој месец.
Откако излезе веста дека Зидан би можел да седне на клупата на ПСЖ, предизвика несигурност околу трансферот на Погба во Јувентус. Францускиот стратег го сакаше овој играч додека го водеше Реал, па сега неофицијални извори велат дека Погба ја чека разврската во ПСЖ.
Доколку Зидан биде нов тренер на „светците“, 29-годишниот фудбалер ќе почне со преговори за трансфер во Париз.
Ќе биде интересно лето!