Според италијанските медиуми, менаџерите на Интер Марота и Аусилио само во текот на вчерашниот ден постигнале договор за првите три аквизиции на клубот ова лето. Тоа се дефанзивецот на Торино, Глисон Бремер, крилниот напаѓач на Каљари, Раул Беланова и албанскиот играч за врска од Емполи, Кристијан Аслани.
Трите засилувања се договорени, обезбедена е согласност и од нивните клубови, додека за нивно официјализирање се очекува првично да бидат потврдениз аминувањата на дел од фудбалерите од постоечкиот ростер, како Санчез, Видал, Ранокија и Гаљардини.