Македонската репрезентација до 21. година денеска ќе го одигра првиот од двата задкажани пријателски мечеви против репрезентацијата на Босна на домашен терен.
Мечот е закажан за 17:00 часот, и истиот ќе се игра на стадионот во Ѓорче Петров.
Ова секако дека ќе биде одлична можност за селекторот Драган Канатларовски да добие јасна слика околу тоа на кој од во моментов повиканите репрезентативци може да смета за квалификациите кои ќе стартуваат наесен. Дел од нив се од домашниот шампионат, дел се интернационалци, а дел повикани за да едноставно се процени дали воопшто имаат репрезентативен капацитет.
Вториот дуел
Втората средба е закажана за 12. јуни. Натпреварот ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски” со почеток исто така од 17:00 часот.