Молдавецот Мунтеан на центарот за дуелот со Гибралтар

160

37-годишниот молдавски судија Думитри Мунтеан ќе биде главен судија на мечот в недела на нашата фудбалска репрезентација и селекцијата на Гибралтар во Скопје. Мунтеан ќе ја дели правдата на дуелот од 4. коло во Лигата на нации во кој нашата репрезентација ќе се обиде да ја оствари и втората победа.

Молдавецот минатата година беше во нашата земја и тоа како главен судија на квалификацискиот дуел меѓу младата репрезентација на Македонија до 21 година и селекцијата на Србија кој се одигра во Охрид (0:0).

Дуелот со Гибралтар се игра в недела од 18 часот на Националната арена.

ПретходноЧовекот кој прв објави за трансферот на Меси во Париз тврди дека Зидан ќе биде нов тренер на ПСЖ
СледноНуњез си ја договорил платата во Ливерпул, се чека финален договор меѓу клубовите