Новиот евролигаш се засилува со кошаркар од НБА-лига

459

Италијанскиот кошаркарски тим, Виртус Болоња со освојувањето на Еврокупот осигура место во Евролига за следната сезона. Клубот има големи амбиции, а за тоа говори и последната информација која ја посели „Тутоспорт“, кој тврди дека раководството сака да донесе кошаркар кој игра во НБА-лига.

На мета е Серж Ибака, 32-годишниот центар кој има 13 години искуство во најсилното светско клупско натпреварѕвање, две титули за најдобар блокер и шампионски прстен кој во 2019 година го освои со Торонто. Ибака минатата сезона почна во ЛА Клиперс, а заврши во Милвоки.

Неговиот договор му истече ова лето, па се очекува да има понуди и од НБА-лигата. Кам-бекот во Европа не е невозможен, тој ќе ја има главната улога на теренот, па доколку добие добра понуда нема да биде чудо да го видиме под обрачите кај италијанскиот тим.

ПретходноМЗТ Скопје сам одлучува за титулата, Битола „гори“ за реванш!
СледноЗидан може да му направи проблем на Јувентус ако потпише за ПСЖ