Срѓан Захариевски и официјално ќе ја води екипата на Струга Трим Лум и во наредната сезона. Она што го најави „Спортмедиа“ уште пред неколку денови, денеска и се официјализира од страна на струшкиот прволигаш. Имено тие на своите социјални мрежи објавија дека и официјално е потпишан договор со Захариевски и дека се среќни што и натаму ќе продолжи соработката со тренерот кој во минатите две сезони седеше на клупата на Струга ТЛ.