Пирло и Фатих Караѓумрук си подале рака

345

43-годишниот италијански стратег Андреа Пирло по се изгледа постигнал финален договор и ќе стане нов тренер на турскиот клуб Фатих Караѓумрук.

Според весникот „Фанатик“, но и според информација на инсајдерот фабрицио Романо, италијанскиот и турскиот клуб постигнале договор за соработка, и сега прашање на часови е официјализацијата на соработката.

Зделката која ја договориле агентите на Пирло со турскиот клуб е одлична, па екс-тренерот на Јувентус уште за некој ден ќе почне со работа во Фатих.

Пирло е без работа откако беше отпуштен од Јувентус во мај 2021 година.

ПретходноСалах и Фоден најдобри во Премиер лигата
СледноЧовекот кој прв објави за трансферот на Меси во Париз тврди дека Зидан ќе биде нов тренер на ПСЖ