Луис Кампос ќе биде нов спортски директор на тимот на ПСЖ. Португалецот доаѓа на местото на Леонардо, кој на крајот од минатата сезона си замина од оваа функција, односно доби отказ дента кога Килиан Мбапе го продолжи својот договор. Во описот на новото работно место на Кампос стои дека ќе биде одговорен за организација, регрутирање и работата на првиот тим.
„Се радувам што се приклучив на ПСЖ, клуб за кој сметам дека е најјамбициозниот во светот на фудбалот. Ја делиме истата визија и едвај чекам да почнам со работа во развојот на извонредниот потенцијал на клубот“ – изјави Кампос.
Le @PSG_inside est heureux d’annoncer l’arrivée de Luis Campos en tant que Conseiller Football à compter de ce jour. ❤️💙
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) June 10, 2022