„Сино-бела“ доминација: Девет титули во последните десет години (ФОТО)

184

МЗТ Скопје среде Битола го подигна деветиот пехар во домашниот шампионат. Избраниците на Александар Петровиќ, финалната серија против Пелистер ја добија со конечни 3-1 и заслужено се радуваа на титулата.

Во последните десет години во мак-баскетот токму само „сино-белите“ доминираат, освоија девет титули, почнувајќи од 2012 година. Со ова тимот од Аеродром покажа најголема стабилност од сите клубови кои се во прволигашкото друштво. Расте од година во година, а за тоа говори и самиот податок дека следната сезона ќе игра во АБА-лига.

 

ПретходноМВП признанието за Немања Милошевиќ!
СледноЕдна братска: Злато вредна фотографија на Дамјан и Војдан!