Си немаат попаметна работа: Германците ќе го менуваат прекарот на репрезентацијата!

306

По се изгледа дека во Германија се е идеално, посебно во нивниот фудбал, и дека си немаат попаметна работа, па затоа одлучиле да го менуваат прекарот на нивната репрезентација.

Имено Фудбалскиот сојуз на Германија сериозно размислува тој прекар „DIE MANNSCHAFT“ што во превод значи тим или екипа, а кој е на сила од 2015 година, да го променат.

Имено овој прекар беше воведен после Мундијалот во Бразил каде Германците станаа светски прваци.

Со ова се сложуваат и познати фудбалски фаци во Германија како Лотар Матеус. Од друга страна селекторот Ханси Флик вели дека ова е помалку важно и дека не треба да се дига непотребна тензија пред СП во Катар на кое Германија посакува да оди до самиот крај.

ПретходноОфицијално: Захариевски најмалку уште една година во Струга ТЛ!
СледноДавор Талески е ново име во Шкендија!