Новиот тренер на тимот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг на интересен начин ја стартуваше својата работа на новото место. Имено, холанѓанецот им пратил електронска пошта на сите играчи кои се дел од првиот тим во кој точно и прецизно им порачува на што се заснова неговиот начин на работа и што бара од нив.
Тен Хаг стартувал со пораката дека фудбалот е колективен спорт, и дека ниту еден индивидуалец не е поважен од тимот.Ова за Тен Хаг било особено важно затоа што Јунајтед е преполн со звезди. Им порачал на играчите дека сака на тренинг да се однесуваат како да е натпревар и да работат максимално. Дека ќе бидат физички подготвени најдобро во нивните кариери, и дека ако прават она што ќе им се каже дека нема да има никаков проблем. Во спротивно ќе им биде покажана излезната врата.
Освен ова, од Олд Трафорд пристигнува информацијата дека Тен Хаг има намера да го доведе на Одл Трафорд, Аксел Окслеид Чембрлен, играчот на Ливерпул, кој би пристигнал за симболична сума од десет милиони фунти.