Добра вест за сите во таборот на Тиквеш е дека напаѓачот од Камерун, Анаел Барга Нгоба, ќе остане најмалку уште една година во кавадаречкиот тим. Не е тајна дека Нгоба во минатата сезона беше еден од најдобрите играчи и дека токму затоа тие инсистирале тој да остане.
Ново е тоа што договор е потпишан и со Стефан Наумчевски, кој исто така останува во Тиквеш.
Инаку по повод шпекулациите дека Едис Спахиу би можел направи трансфер во Гостивар, од раководството на Тиквеш велат дека младиот напаѓач и натаму ќе го носи дресот на тимот од Кавадарци.